Забава Вечерва втора полуфинална трка на „Евровизија“

Вечерва втора полуфинална трка на „Евровизија“

Вечерва, во виенската сала „Штатхале“, во втората полуфинална вечер, 17 земји ќе се борат за преостанатите 10 места за финалето на „Евровизија“.

На второто полуфинале од натпреварот за најдобра песна на „Евровизија“, пред публиката ќе настапат претставниците на Литванија, Ирска, Сан Марино, Црна Гора, Малта, Норвешка, Португалија, Чешка, Израел, Летонија, Азербејџан, Исланд, Шведска, Швајцарија, Кипар, Словенија и на Полска.

Во првата полуфинална вечер пласман во финалето освоија Албанија, Ерменија, Русија, Романија, Унгарија, Грција, Естонија, Грузија, Белгија и Србија.