Култура Вечерва, трета премиера на охридскиот Народен театар – „На дното“ по текст...

Вечерва, трета премиера на охридскиот Народен театар – „На дното“ по текст од Горки

Охридскиот Народен театар, вечерва, со почеток во 20 часот, пред љубителите на драмската уметност излегува со нова премиера – претставата „ На дното“ по текст од Максим Горки, а во режија на Кирил Петрески. Претставата ќе се одржи во подрумскиот простор на Центарот за култура „Григор Прличев“.

Во претставата ќе настапат: Јасмина Билаловиќ, Биљана Билаловиќ, Ивица Цонев, Никола Тодороски, Павел Маслов, Горан Стојаноски и Стрезо Стаматовски, кој игра две улоги – ликот на Михаил Костиљов и Актерот.

Ова е трета премиера за оваа сезона на охридскиот Народен театар, во кој вкупно се изведени повеќе од 40 претстави за една сезона.

Претставата репризно ќе се игра и утревечер, со почеток во 20 часот.