Свет Ватикан: Папата нема тумор

Ватикан: Папата нема тумор

Ватикан ги демантираше написите во италијанските весници дека поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, има мал, бениген тумор на мозокот.

Портпаролот на Ватикан, Федерико Ломбарди, оцени дека денешните написи на италијанскиот весник „Котидијано национале“ се „неосновани и сериозно неодговорни“.

„Папата, како и секогаш, ги извршува своите интензивни активности“, наведе Ломбарди во пишана изјава.

Цитирајќи неименувани извори, италијанскиот дневен весник „Котидијано национале“, пренесе дека папата Франциск неодамна посетил клиника во близина на Пиза, за да биде прегледан од јапонскиот специјалист Таканори Фукушима.

Како што е наведено, докторот утврдил дека папата има темна дамка која може да се отстрани без операција.