Свет Вашингтон размислува за продолжување на санкциите, Техеран се заканува со контрамерки

Вашингтон размислува за продолжување на санкциите, Техеран се заканува со контрамерки

Продолжувањето на американските санкции кон Иран за уште десет години ќе го прекрши договорот за нуклеарната програма на таа земја, изјави врховниот лидер, ајатолах Хамеј.

Тој предупреди дека Техеран ќе преземе контрамерки доколку се одобрат санкциите.

– Актуелната влада на САД го прекрши договорот повеќепати. Продолжувањето на санкциите, секако, доколку бидат одобрени, сигурно ќе му наштети на договорот за иранската нуклеарна програма и Исламска Република Иран сигурно ќе реагира на тоа – додаде Хамеј во обраќањето пред членовите на револуционерната гарда.

Претставничкиот дом на САД месецов изгласа закон за продолжување на американските санкции кон Иран за следните десет години.

За законот да стапи на сила, потребно е одобрување од Сенатот и потпис од претседателот на САД, Барак Обама.