Македонија Вархеји со порака до македонската опозиција: Уставните измени ќе мора да се...

Вархеји со порака до македонската опозиција: Уставните измени ќе мора да се случат

Фото: Мета.мк

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји денеска упати порака и до македонската опозиција, која изминатиов период жестоко се спротивстави на европскиот предлог за почеток на преговорите со ЕУ. Вархеји изјави дека уставниот измени ќе мора да се случат, а опозицијата ќе треба да покаже дека е посветена на што поскоро зачленување во ЕУ.

„Искрено се надевам дека сите партии, вклучително и опозицијата ќе работат за европската иднина, дека нема да започнат со контроверзии и предизвикување емоции кои нема да ја однесат земјата напред. Ги читав изјавите на опозицијата, тие секогаш тврдат дека се посветени да се случи ова членство на земјата во ЕУ. Ајде да го докажеме тоа“, изјави еврокомесарот Вархеји како одговор на новинарско прашање во врска со најавите на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да поддржи уставни измени, со кои Бугарите треба да влезат во Уставот.

Вархеји изјави дека опозицијата во земјава секогаш тврдела дека се посветени да се случи членството на земјава во ЕУ и дека сега е моментот да го докажат тоа.