Свет Балкан Вајзнер: Србија е на прво место во Европа по број на масовни...

Вајзнер: Србија е на прво место во Европа по број на масовни убиства

Александар Вајзнер, доцент на Европскиот центар за мир и развој на Универзитетот за мир на ОН, вели дека во Србија од 2013 до 2023 година имало девет масовни убиства во кои биле убиени или ранети 102 лица, што е во просек 1,42 убиени на 100.000 жители

Фото: Архива на Мета.мк

Србија е првата земја во Европа според бројот на масовни убиства во изминатите 10 години, изјавил за неделникот НИН Александар Вајзнер, доцент на Европскиот центар за мир и развој на Универзитетот за мир на ОН, кој спровел истражување за проблемот.

Тој рекол дека во Србија од 2013 до 2023 година имало девет масовни убиства во кои биле убиени или ранети 102 лица, што е во просек 1,42 убиени на 100.000 жители.

„Опасноста српските граѓани да загинат во масовно убиство е многу поголема од онаа на француски или турски граѓани кои загинаа во терористички напад во сопствената земја“, вели Вајзнер.

Тој додал дека во Париз во само еден терористички напад загинале 130 луѓе, а 416 биле ранети, но дека во претходните десет години биле убиени 0,9 жители на 100.000 жители.

Вајзнер дека во три масовни убиства во Србија од 2002 до 2012 година биле убиени и ранети 30 лица.

На прашањето како го толкува несразмерно големиот број масовни убиства, Вајзнер изјавил: „Тоа е кумулативен ефект на годините на криминализација, милитаризација и милитаризам и социо-економската стратификација на општеството“.