Главна секција Вајгл: Ситуацијата во Македонија е многу сериозна, треба да ѝ помогнеме

Вајгл: Ситуацијата во Македонија е многу сериозна, треба да ѝ помогнеме

Ситуацијата во Македонија е многу сериозна, оцени известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Иво Вајгл.

– Не би сакал да предвидувам катастрофални сценарија, но мора да се земе предвид дека постојат многу отворени прашања, тешки зборови, па дури и говор на омраза – изјави Вајгл за лондонски „Гардијан“.

Европретставникот предупредува на пораст на тензиите во земјата-кандидат за членство во ЕУ, поради обвинувањата дека владејачката партија вршела масовно прислушување, ги поткопала судството и слободата на медиумите.

– Ова веќе го имаме видено на Балканот, сè почнува вака. Ситуацијата не смее да се потценува. Многу е сериозна, а ние треба да ѝ помогнеме на Македонија – вели Вајгл.

Македонија, која е земја-кандидат за членство во Европска Унија, се соочува со ескалација на политичката криза поради обвиненијата за паниран „државен удар“, скандалот со масовно прислушување, како и тврдењата дека Владата и тајните служби креирале заговор за да го поткопаат судскиот систем и да лажираат медиумски извествувања, наведува „Гардијан“.