Подглавна секција Увид на местото на убиството во Боговиње: Обвинителите го нашле оружјето од...

Увид на местото на убиството во Боговиње: Обвинителите го нашле оружјето од кое е пукано

Убиството се случило во 10.15 часот утрово, а 15 минути подоцна, осомничениот М.М. бил уапсен на улица „Цветaн Димов” во Тетово додека го управувал своето „БеЕмВе“ во кое била пронајдена автоматска пушка

Фото: Мета.мк

Осомничениот 50-годишен убиец од тетовското село Боговиње е уапсен, а пронајдена е и пушката со која тој пукал во неговиот сограѓанин А.Џ. (47) од истото село. Пукањето, според првичните информации на обвинителството, се случил во угостителски објект во Боговиње, каде двајцата имале вербална расправија. Во ресторанот имало и други лица во моментот кога се случило убиството.

„Сторителот е идентификуван и лишен од слобода, а кај него е пронајдено и оружјето со кое го извршил делото“, соопшти ОЈО. Издадена е и наредба за обдукција на телото на починатиот, како и наредба за прибирање и вештачење на траги од лице место. Ќе се вршат разговори со сведоци на настанот и со други лица.

Според информациите на СВР Тетово, убиството се случило во 10.15 часот утрово, а 15 минути подоцна, осомничениот М.М. бил уапсен на улица „Цветaн Димов” во Тетово додека го управувал своето „БеЕмВе“ во кое била пронајдена автоматска пушка.