Македонија Утре почнува летно сметање на времето

Утре почнува летно сметање на времето

Летното сметање на времето во Европа ќе почне ноќеска, по полноќ кога часовниците треба да се поместат за еден час нанапред.

Во два часот по полноќ, стрелките на часовниците треба да се променат за еден час напред , на три часот.

Летното пресметување на времето во Европа ќе трае до последниот викенд на октомври, кога почнува зимското сметање на времето.

Преминувањето на летно и зимско сметање на времето за прв пат е направено во 1916 година во земјите на северот на Европа поради заштеда да енергија.

Летното сметање на времето во поранешна Југославија, а со тоа и во Македонија, е воведено на 27 март 1983 година.

Од 2002 година, Европската Унија, како и останатите земји во Европа, одредија дека почетокот на летното сметање на времето почнува последната недела од март и завршува последната недела од октомври, кога стрелките на часовникот се враќаат еден час наназад.