fbpx
Таг: часовник

таг: часовник

СЗО нема никаква врска со поместување на часовниците, ниту пак, e избркана од Русија

Наспроти тврдењето во објавата, промената на сметањето на времето од зимско во летно не е поврзана со Светската здравствена организација, туку секоја земја во светот самата одлучува за тоа. Неточно е и тврдењето дека СЗО била протерана од Русија, СЗО сè уште работи со двете свои канцеларии во Русија. Исто така, Русија се префрли на постојано зимско сметање на времето...

Војната во Украина го доближи „Часовникот на Судниот ден“ на 90 секунди до пропаста на човештвото

Човештвото е на само 90 секунди од својата пропаст, односно до отчукувањето на полноќ на „Часовникот на Судниот ден“. Ова е метафората за тоа колку човештвото е блиску до самоуништување, според Билтенот на атомските научници кој го поместува времето на неколку години. Според нив, никогаш не сме биле поблиску до апокалипса, пренесува „Врџ“. Иако е само метафора, одлуката да се...

Ексклузивен швајцарски рачен часовник посветен на Загор се продава за 3.100 евра

Италијанската издавачка куќа за стрипови „Серџо Бонели Едиторе“ (СБЕ) и швајцарскиот производител на луксузни часовници „Еберхарт“ на 3 септември претставија ексклузивен рачен часовник посветен на популарниот стрип Загор. Часовникот посветен на „Духот со секира“ е изработен во ограничена серија од само 120 примероци кои се продаваат по цена од 3.100 евра. Ограничената серија персонализирана со карактеристичното лого со стилизирана птица е...

ЕУ од 2021 ќе престане со зимско сметање на времето

Македонија в недела во 3 часот ќе премине од летно на зимско сметање на времето, соопшти Бирото за метрологија. Во 3 часот, стрелките на часовникот треба да се вратат еден час наназад и да покажуваат 2 часот. Инаку, Европската комисија (ЕК) на 31 август годинава соопшти дека по обемната јавна анкета, најголемата по број на одговори на интернет од која било...

Викендов се воведува летното сметање на времето

Викендов ќе започне летното сметање на времето. На 25-ти март во два часот по полноќ стрелките ќе се поместат за еден час нанапред и времето во два часот ќе се смета како три часот. Овој начин на сметање на времето ќе заврши на 28-ми октомври во три часот, кога стрелките ќе се вратат еден час наназад.

92-годишен прилепчанец измамен за 17.000 евра

Ѓ.А. (92) во Полициската станица во Прилеп, пријавил дека вчера околу 13 часот на плоштад „Александар Македонски“ бил измамен од две непознати лица. „Лицата го пресретнале и почнале раговор со него, по што му дале еден машки часовник, за кој му рекле дека вреди многу пари и дека некој им го продава. Ѓ.А. им рекол дека тој има евра и...

По полноќ ќе почне зимското сметање на времето

Во 3 часот по полноќ ќе почне зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час наназад што значи дека времето во три часот, ќе се смета како два часот. Зимското сметање на времето почнува последниот викенд од октомври и трае до последниот викенд во март, кога почнува летното сметање на времето. Промената на времето секогаш се...

Летното сметање на времето ќе почне в недела, на 26 март

Летното сметање на времето ќе почне в недела, на 26 март, така што во 2 часот часовникот ќе се помести за еден час понапред и ќе биде 3 часот. Летното сметање на времето ќе заврши на 30 октомври во 3 часот, со поместување за еден час наназад. Одлуката за денот и за моментот на воведувањето и за денот и за моментот на...

Ноќеска почнува зимското сметање на времето

Вечерва во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе треба да се вратат еден час назад. Порано ќе се стемнува, а од денот ќе има еден час помалку.

Зимското сметање на времето почнува в недела

Летното сметање на времето завршува на 30 октомври во 3 часот, така што стрелките на часовникот се поместуваат за еден час наназад, со што ќе биде 2 часот и ќе почне зимското сметање на времето, известува Министерството за финансии. Одлуката за завршување на летното сметање на времето е објавена во „Службен весник“.

Утре почнува летно сметање на времето

Летното сметање на времето во Европа ќе почне ноќеска, по полноќ кога часовниците треба да се поместат за еден час нанапред. Во два часот по полноќ, стрелките на часовниците треба да се променат за еден час напред , на три часот. Летното пресметување на времето во Европа ќе трае до последниот викенд на октомври, кога почнува зимското сметање на времето. Преминувањето на...

По полноќ почнува зимското сметање на времето

Вечерва по полноќ, почнува зимското сметање на времето. Во 3 часот по полноќ, стрелките на часовникот ќе се вратат за еден час наназад, така што ќе се смета дека е 2 часот. Зимското сметање на времето ќе трае до последниот викенд во март следната година.

Паметниот часовник на „Епл“ наскоро влегува во производство

Паметниот часовник на „Епл“ на почетокот од следната година ќе влезе во производство, а во продажните салони ќе се најде во периодот април-мај. Сепак, според последните извештаи, паметниот часовник би можел и порано да пристигне. Како што објави тајванскиот „Јунајтед дејли њуз“ , проблемите кои постоеја и го одложија почетокот на производството сега се отстранети, па паметниот часовник би можел да се најде...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...