Македонија Утре два часа ќе биде затворен патот Охрид – Кичево

Утре два часа ќе биде затворен патот Охрид – Кичево

Утре од 13 до 15 часот ќе биде затворен за сообраќај патниот правец Охрид – Кичево.

Според најавите, прекините во сообраќајот ќе бидат затоа што на делот помеѓу планинскиот превој Пресека и селото Врбјани ќе се изведуваат градежни работи со минирање.