Македонија Утре десетина улици ќе бидат затворени за сообраќај, по нив ќе се...

Утре десетина улици ќе бидат затворени за сообраќај, по нив ќе се трча маратон  

Во периодот од 4 до 15 часот, низ скопските улици ќе има привремен режим на сообраќај додека се трча 19 издание Виз Ер Скопскиот маратон, на кој се пријавени повеќе од 11.000 учесници

Фото: Виз Ер маратон

Во периодот од 4 до 15 часот, низ скопските улици ќе има привремен режим на сообраќај додека се трча 19 издание Виз Ер Скопскиот маратон, на кој се пријавени повеќе од 11.000 учесници. Организаторите денеска апелираа до сите граѓани да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и да ги користат алтернативните решенија за сообраќај.

Затворени за сообраќај ќе бидат улиците Димитрие Чуповски, дел од булеварот Климент Охридски, Свети Кирил и Методиј, Митрополит Теодосиј Гологанов, Васил Чакаларов, 11 Октомври, дел од булеварот Крушевска Република, улицата Есенинова, Трета Македонска Бригада, булевар Србија (десната коловозна лента од семафорите со раскрсницата булевар Јане Сандански до семафорите кај Крстот) и дел од булеварот Јане Сандански (едната коловозна лента од семафорите кај Мајчин Дом до семафорите со булевар Србија).