Македонија Уште седум смртни случаи од ковид-19 и уште 411 заболени

Уште седум смртни случаи од ковид-19 и уште 411 заболени

Фото: Vladimir Fedotov on Unsplash

Министерството за здравство (МЗ) извести дека во последните 24 часа биле направени 3.209 тестирањe, а регистрирани се 411 нови случаи на ковид-19: Скопје – 198, Куманово – 40, Штип – 19, Велес – 18, Кавадарци и Кочани – по 16, Прилеп – 15, Битола – 13, Крива Паланка – 10, Тетово и Радовиш – по 7, Струга – 6, Струмица и Пробиштип – по 5, Гевгелија, Неготино и Ресен – по 4, Охрид, Кичево, Свети Николе, Богданци, Крушево и Македонска Каменица – по 3, Валандово и Демир Хисар – по 2, Делчево и Виница – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се четири починати лица: две починати лица од Скопје (82г, и 65г), и по едно починато лице од Куманово (74г) и Пробиштип (39г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште три починати лица, со датум на смрт од 31.08.2021 до 16.10.2021 година. Регистрирани се две починати лица од Скопје и едно лице од Кичево, на возраст од 80 до 93 години. Од пријавените лица, две се починати во домашни услови и едно лице е во болнички услови.

Во последните 24 часа регистрирани сe 271 оздравен пациент.

Досега во земјава се направени вкупно 1.357.742 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 199.057, бројот на оздравени пациенти е 185.931, на починати е 7.019, а бројот на активни случаи изнесува 6.107.