Македонија Уште еден пратеник позитивен на корона вирусот

Уште еден пратеник позитивен на корона вирусот

Извор на фотографија: Собрание на РСМ

Пратеникот од СДСМ од Охрид, Лазе Таневски, на Фејсбук објави дека е позитивен на корона вирусот. Тој е вториот пратеник во два дена за кого се дознава дека има ковид-19, откако вчера беше објавено дека на Инфективната клиника во Скопје е примен пратеникот од ДУИ Исмаил Јахоски со симптоми на болеста.

Таневски информира дека тестирањето го направил самоиницијативно, поради неодложно приватно патување. Членовите на неговото семејство се негативни на тестирањето.