Дописници Уште две возила ноќеска гореа во Битола

Уште две возила ноќеска гореа во Битола

Ноќеска, околу 2.30 часот, на улица спроти Техничкото училиште во Битола, опожарени се два автомобили, марка „мазда“ и „опел астра“.

Очевидци велат дека се слушнала силна експлозија и веднаш по неа уште една. Од СВР Битола го потврдуваат и овој инцидент, но повеќе информации најавуваат откако увидната екипа ќе се врати од терен.

Оваа недела, за само три дена во Битола се опожарени четири автомобили.

Битолчанецот Марјан Јовановски, чиј автомобил изгоре во понеделникот, тврдеше дека случајот има политичка заднина бидејќи бил активист на опозицискиот СДСМ и остар критичар на власта на социјалните мрежи.

А.Б.