Главна секција Уште две мртви тела пронајдени во Голема Речица

Уште две мртви тела пронајдени во Голема Речица

Се зголемува бројот на жртвите од поплавите во тетовскиот регион. Според мештаните од селото Голема Речица, во нивното населено место пронајдени се две мртви тела, жители од шарпланинското село Лисец.

Се претпоставува дека има уште жртви, а според жителите од Мала Речица, сè уште се трага по исчезнати лица.

Во Голема и во Мала Речица во прекин е снабдувањето со вода. Жителите чекаат цистерни за вода.