Здравје Уште 15 починати од ковид-19, вкупно 6.683 жртви на пандемијата во земјава

Уште 15 починати од ковид-19, вкупно 6.683 жртви на пандемијата во земјава

Фото: Vladimir Fedotov on Unsplash

Уште 15 лица починале како последица на ковид-19, јави министерството за здравство. Од нив 12 починале во болнички услови во текот на вчерашниот ден, додека тројца починале во домашни услови во периодот од 25 август до 28 септември.

Од почетокот на пандемијата до сега, во земјава се регистрирани 6.683 починати како резултат на ковид-19.

Во текот на вчерашниот ден се регистрирани уште 412 случаи на ковид-19 од 3.379 направени тестови. Најголем дел од новите случаи се од Скопје (205), од Куманово (39) и Кочани (23). Во останатите градови има помал број на нови случаи.

Од почетокот на пандмијата до сега вкупно во земјата се регистрирани 191.820 позитивни случаи на ковид-19, од кои активни во моментов се 12.089.