Македонија Уште 108 нови случаи на ковид-19, вкупната бројка надмина 13.000

Уште 108 нови случаи на ковид-19, вкупната бројка надмина 13.000

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.902 тестирања, а регистрирани се 108 нови случаи на ковид-19. Институтот за јавно здравје денеска регистрира 112 оздравени пациенти, а во изминатото деноноќие починале двајца пациенти од Куманово (64г и 72г), во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13.076, бројката на оздравени пациенти е 9.625, на починати е 551. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.900.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се шестмина пациенти. Вкупно се хоспитализирани 76 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, шест деца позитивни и две мајки и две деца суспектни на вирусот. Во „8 Септември“ примени се осум нови, вкупно хоспитализирани се 73 пациенти. На респираторна машина се три пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 20, а во болницата во Штип се хоспитализирани 42 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 113 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.