Свет Свет Ураганот Никол носел покриви на Бермудските Острови

Ураганот Никол носел покриви на Бермудските Острови

Ураганот Никол ги погоди Бермудските Острови, носејќи покриви и корнејќи дрвја, пред да премине на Атлантикот.

Бурата ослабна од категорија четири на категорија три, но и понатаму е проследена со ветрови кои дуваат со брзина поголема од 205 километри на час.

Тимовите за вонредна ситуација ги расчистуваат улиците и поплавените објекти и ги отстрануваат соборените далекуводи.

– Засега немаме информации за евентуални жртви или повредени – изјави премиерот Мајкл Данкли.
Ударот на ураганот бил помал отколку што се очекувало, но причинета е значителна штета на инфраструктурата. Патиштата се оштетени и поплавени, а уништени се и повеќе бродови.

Школите и владините институции се затворени од вчера, а летовите се откажани.

Бермуда се прекуморска територија на Велика Британија во северниот дел на Атлантскиот Океан.