Видео Ураган ја погоди Флорида, илјадници домаќинства без струја

Ураган ја погоди Флорида, илјадници домаќинства без струја

Рано утринава, по локално време, ураганот Хермин го погоди брегот на Флорида, предизвикувајќи прекин на снабдувањето со електрична енергија, јавуваат американските медиуми, наведувајќи дека 270.000 домаќинства се во мрак.

Ураганот Хермин на копното донел ветрови со брзина од 130 километри на час и силен дожд.

Националниот урагански центар предупредува дека во некои места се очекува нивото на водата во поплавените делови да достигне висина и до три метри.

Состојба на говотност е прогласена во 51 округ во Флорида, додека наставата е откажана во најмалку 20 училишта. Задолжителни евакуации се вршат во пет окрузи на северозападот на Флорида.