Хроника Управител на битолска фирма не плаќал придонеси и давал плата на рака

Управител на битолска фирма не плаќал придонеси и давал плата на рака

Битолската полиција проднела кривична пријава против 44-годишниот З.Р., управител на фирмата „Колега“, и против правното лице, поради сомневање дека сторил повреда на правата од работен однос и повреда на правата од социјално осигурување.

Според полициските информации, осомничениот, како управител на фирмата „Колега“, од јануари 2013 година до август годинава, нередовно, нецелосно и на рака им ги исплаќал платите на вработените. Покрај тоа, според полицијата, осомничениот на вработените не им плаќал придонеси за здравствено, пензинско и за инвалидско осигурување.