Свет Балкан Унгарија: Парламентот го отфрли планот на ЕУ за бегалците

Унгарија: Парламентот го отфрли планот на ЕУ за бегалците

Унгарскиот парламент денеска го отфрли планот на Европската унија за воведување квоти за распоредување на бегалците во земјите на Унијата.

Пратениците од владејачката партија ФЕДЕС, заедно со коалициската Христијанско-демократска народна партија и со ултрадесничарската ЈОББИК, ја усвоија резолуцијата што овозможува владата на премиерот Виктор Орбан да преземе правни дејства против ЕУ, за Унгарија да не биде дел од планот за распределба на мигрантите.