Свет Балкан Унгарија ги заостри прописите за азил

Унгарија ги заостри прописите за азил

Унгарскиот парламент одобри поостри прописи за азиланти, вклучувајќи и скратување на дозволениот престој во прифатните центри од 60 на 30 дена и постепено намалување на социјалните бенефиции и субвенции.

Организациите за човекови права соопштија дека целта на мерките е да се обесхрабрат бегалците да бараат азил во Унгарија.

Јулија Иван, адвокат при унгарскиот Хелсиншки комитет, соопшти дека „Унгарија ги доведува бегалците во сè полоша и неприфатлива состојба“.

Според податоците на Канцеларијата за миграција и националност, 197 лица добиле азил или некој друг вид меѓународна заштита во периодот од јануари до април
годинава.