Економија УНДП доделува грантови за земјоделците за опрема и за материјали

УНДП доделува грантови за земјоделците за опрема и за материјали

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) доделува грантови за набавка на земјоделска опрема и на материјали во висина до 300.000 денари во рамките на проектот за управување со сливот на реката Струмица, финансиран од Швајцарската агенција за развој и за соработка.

Средствата ќе ги добијат најдобрите учесници на обуките за агроеколошко производство, кои ќе се одржат во периодот јули – ноември 2016 година.

Ќе се изберат 25 производители на сливи, јаболка или круши од Радовиш и од Конче и 30 производители на пиперки и на домати oд Струмица, Ново Село, Василево и од Босилово.

Изборот на кандидатите ќе се изврши според претходно дефинирани критериуми, а пријавувањето ќе трае до 10 јуни 2016 година.