Видео Украинските сили се повлекуваат од Дебаљцево

Украинските сили се повлекуваат од Дебаљцево

Украинските сили се повлекуваат од стратегиски важниот град Дебаљцево на истокот на Украина, соопшти член на парламентот кој го предводи баталјонот доброволци.

– Повлекувањето на трупите од Дебаљцев се спроведува по план и на организиран начин. Непријателот се обидува да го пресече патот и да го спречи повлекувањето на трупите – рече Семен Семенченко.

Светските агенции пренесуваат информации на проруските активисти, според кои неколку илјади украински војници се предале во Дебаљцево.

Без разлика на примирјето кое е потпишано во Минск, во Дебаљцев се водат борби меѓу украинската војска и проруските активисти.

Синоќа Советот за безбедност на ОН ја усвои руската резолуција со која се поддржува договорениот прекин на огнот во Украина и се истакнува потребата од почитување на суверенитетот и на територијалниот интегритет на Украина.