Видео Украински пратеници се степаа пред новинари

Украински пратеници се степаа пред новинари

Пратениците на украинската Врховна рада, Александар Вилкул и Владимир Парасјук, се степаа пред новинари, јави украинската телевизија „112“.

Инцидентот се случи по снимањето на телевизиската емисија „Вечерна програма“, за време на која пратениците не можеле да се согласат за актуелната ситуација во земјата.

По емисијата, Парасјук го сочекал својот противник надвор од студиото. Таму двајцата почнале физичка пресметка, поради што морало да интервенира и телевизиското обезбедување.

Подоцна Парасјук го обвини Вилкул дека е агент на Кремљ кој ја донел војната во Украина и се закани дека со автомобил ќе го прегази Вилкул.

– Вилкул треба да се ликвидира, депортира, за од него да не остане ниту трага – рече Парасјук.