Свет Европа Украина прогласи победа во првите четири села од почетокот на контраофанзивата

Украина прогласи победа во првите четири села од почетокот на контраофанзивата

Украина соопшти дека ослободила четири села на југоистокот на земјата, со тврдење дека станува збор за првите победи над Русија од почетокот на контраофанзивата на Киев, пишува Би-Би-Си

Фото: Архива, кабинет на украинскиот претседател

Украина соопшти дека ослободила четири села на југоистокот на земјата, со тврдење дека станува збор за првите победи над Русија од почетокот на контраофанзивата на Киев, пишува Би-Би-Си.

Населбите се релативно мали, а Москва допрва треба да потврди какво било повлекување. Селото Блаходатне имало население од само 1.000 жители. Ова село, кое беше центар на интензивни борби во последните денови, се наоѓа на патот кон градот Мариупол, а некои аналитичари сугерираат дека Украина би можела да се обиде да го врати пристанишниот град во наредните месеци.

Утринава официјалните лица известиле дека „државното знаме повторно се вее“ над Сторожове, во регионот Доњецк.

Вчера, на објавена снимка можеше да се види дека украинските војници слават во Блаходатне и Нескучне.

Институтот за проучување на војната, пишува Би-Би-Си, ги поткрепи тврдењата на Киев, велејќи дека Украина зазела „повеќе населби“ долж линијата на фронтот во текот на викендот.

Во саботата, претседателот Володомир Зеленски изјави дека долгоочекуваната контраофанзива е во тек.

Генералштабот на вооружените сили на Украина соопшти дека вчера имало околу 25 битки во источниот регион Донбас.

Русија, пишува Би-Би-Си, претрпела значителни загуби околу градот Бахмут. Повеќе од 50 ранети руски војници секојдневно пристигнуваат во воената болница во руската област Ростов.