Свет Европа Украина подготвена да воведе санкции кон Русија

Украина подготвена да воведе санкции кон Русија

Претседателот на Украина, Петро Порошенко, потпиша закон со кој на украинската влада ѝ овозможува да воведе економски санкции против Русија како одговор на одлуката на Москва за зоната за слободна трговија и за ембарго, соопштено е на веб-страницата на украинскиот парламент.

Министерството за економски развој на Украина ѝ предложи на владата на таа земја да ја сопре слободната трговија со Русија, во рамките на Заедницата на независни држави и да воведе ембарго на низа руски производи, пренесува „Спутник“.

Предлогот на тоа министерство е на 2 јануари да биде сопрен договорот за зона за слободна трговија со Русија, а од 10 јануари да стапи на сила забрана на увоз на одредени производи од Русија.

Како што порано соопшти рускиот премиер Дмитриј Медведев, од 1 јануари Русија воведува акцизи и ембарго кон Украина, слични на тие против земјите што ги поддржале антируските санкции.