Свет Европа Украина: Нови жртви пред почетокот на прекинот на огнот

Украина: Нови жртви пред почетокот на прекинот на огнот

Дваесет и осум лица загинаа во жестоките судири во Украина, кои го одведуваат во прашање спроведувањето на мировниот договор од Минск, што треба да почне вечерва на полноќ.

Официјален Вашингтон ја обвини Москва дека и понатаму продолжува да разместува тешко вооружување во завојуваните зони, а Киев тврди дека е засилено гранатирањето на цивилните области.

Украинскиот претседател Петро Порошенко соопшти дека бомбардирањето цивили на истокот на земјата, кое го вршат проруските сили, веќе го поткопало мировниот план.