Свет Европа Украина: Следна рунда преговори за гасот, на крајот на август

Украина: Следна рунда преговори за гасот, на крајот на август

Следната рунда преговори во врска со прашањето за испорака на рускиот гас на Украина ќе се одржи во Виена, на 27 и на 28 август, рече денеска министерот за енергетика и рударство на Украина, Владимир Демчишин.

Тој на конференција за новинари, прецизираше дека преговорите на 27 и на 28 август ќе бидат двострани, односно дека ќе бидат вклучени тие и Европејците, а изрази надеж дека ќе се приклучи и Русија.

Министерот изјави дека Киев цврсто одлучил да постигне договор за новата грејна сезона и да потпишат соодветен протокол. Тој нагласи дека треба да се разгледаат две политички прашања.

Според неговите зборови, се работи за договор кој ќе биде тростран, со учество на Европска унија и треба да биде склучен најмалку на период до крајот на наредната грејна сезона.

Што се однесува на цената на увознотно гориво за Украина, министерот прогнозирал дека ќе биде околу 250 долари за илјада кубни метри гас во текот на наредните два квартали.