Економија Украина ќе гради нов гасовод за да ја избегне Русија

Украина ќе гради нов гасовод за да ја избегне Русија

Гасовод

Украина сака со Полска да изгради целосно нов гасовод, кој би ù овозможил на земјата целосно да се снабдува со гас од земјите од Европска Унија.

Украинскиот премиер Арсениј Јацењук им наредил на надлежните министерства да почнат со изработка на проектот, а рокот за изградбата и пуштањето во употреба е крајот на 2016 година, соопштија од кабинетот на премиерот.

Властите во Киев сакаат целосно да се одвојат од Русија и да се свртат кон ЕУ, а паралелно со изградбата на новиот гасовод да се решат сите заостанати долгови за рускиот гас.

– Поставив рок, во текот на 2016 година да го отвориме овој гасовод. Тоа значи дека би можеле целиот гас кој ни е потребен да го купуваме од членките на ЕУ – изјави Јацењук.