Подглавна секција Украина има заземено сто населени места во Русија во последниот месец

Украина има заземено сто населени места во Русија во последниот месец

Украинските сили исто имаат заробено речиси 600 руски војници, соопшти украинскиот генерал Олександр Сирски

Фото: 该图片由Luaks JohnnsPixabay上发布

Украинските сили во последниот месец имаат заземено сто населени места во Русија и заробено 594 руски војници, соопшти украинскиот генерал Олександр Сирски, а пренесува Гардијан.

Руските сили се обиделе да извршат противнапад, но не биле успешни. Цифрите на Сирски сè уште не се независно потврдени.

Ова е првпат Украина јавно да го соопшти бројот на воени заробеници од почетокот на украинската инвазија во Русија, која започна на 6 август оваа година. Нејзината цел е да се ослабнат руските сили и да се стави притисок да се стави крај на војната.

Според Сирски, една од главните цели на украинската операција во граничниот регион Курск е да се пренасочат руските трупи од Украина.

„Досега, можеме да кажеме дека околу 30.000 војници се испратени на фронтот Курск, а оваа бројка расте“, тврди Сирски.

На крајот на претходната недела, Русија и Украина се согласија на размена на воени заробеници, со што секоја страна ќе ослободи 115 заробеници.

Сирски коментираше дека ситуацијата е тешка во украинскиот град Покровск. Во него има рудник за јаглен и градот е клучен центар за транспорт за украинската армија. Токму поради тоа што е стратешки важен град, тој е таргетиран од руски сили во изминативе недели.