Подглавна секција Украина им забрани на своите спортски тимови да се натпреваруваат со руски...

Украина им забрани на своите спортски тимови да се натпреваруваат со руски натпреварувачи

Украина претходно ги предупреди своите спортски федерации дека ќе им го одземе статусот на раководни тела доколку нивните спортисти се натпреваруваат на меѓународна сцена со Руси и Белоруси

Photo by Bryan Turner on Unsplash

Украина им забрани на своите национални спортски тимови да се натпреваруваат на олимписки, неолимписки и параолимписки настани во кои се вклучени натпреварувачи од Русија и Белорусија, соопшти Министерството за спорт во декретот објавен во петокот, пренесе Ројтерс.

Одлуката која е критикувана од некои украински спортисти, доаѓа откако Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) го налути Киев со тоа што го отвори патот за руските и белоруските спортисти да се натпреваруваат како неутрални и покрај руската инвазија на Украина.

Русија започна целосна инвазија на Украина во февруари минатата година, првично користејќи го својот сојузник Белорусија како место за трупите кои се движат кон Кијив.

Украина претходно ги предупреди своите спортски федерации дека ќе им го одземе статусот на раководни тела доколку нивните спортисти се натпреваруваат на меѓународна сцена со Руси и Белоруси.