Свет Европа Украина бара ОН и ЕУ да испратат мировни сили

Украина бара ОН и ЕУ да испратат мировни сили

Украинската Врховната рада денеска побара од Советот за безбедност на ОН и од ЕУ да испратат мировни сили на истокот на Украина кои ќе бидат распоредени долж линијата на разграничување меѓу украинските и проруските сили.

Барањето, за кое се изјаснија 341 пратеник во 450-члената украински парламент, го поднесе претседател на Украина Петро Порошенко.

Украинскиот парламент исто така денеска ги прогласи реоните во Доњецк и Луганск, кои се под контрола на сепаратистите за „времено окупирани територии“.