Хроника Украдени златници, девизи и накит од куќа во Кичевско

Украдени златници, девизи и накит од куќа во Кичевско

Две непознати маскирани лица вчера наутро ограбиле куќа во кичевското село Мамудовци, при што одзеле 63 златни пари (даблони), 360 швајцарски франци и друг разновиден златен накит, со што причиниле материјална штета од околу 30.000 евра, соопшти полицијата.

Напаѓачите околу 10 часот влегле во куќата и со спреј-солзавец ја испрскале Р.А. (75) по очите, а потоа физички ја нападнале. Откако извршиле пребарување, ги пронашле и одзеле парите и останатите предмети, по што го напуштиле местото на настанот. На Р.А. и била укажана лекарска помош во Медицинскиот Центар-Кичево, каде и биле констатирани телесни повреди.

Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кичево. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на кривичното дело.