Хроника Украдени пушки и пиштоли од магацин на „Македонски шуми“

Украдени пушки и пиштоли од магацин на „Македонски шуми“

Непознат сторител од магацин на „Македонски шуми“, односно Шумското стопанство „Караџица“, украл неколку парчиња оружје.

Како што информираат од полицијата, случајот бил пријавен вчера, а станува збор за украдени пушки и пиштоли.

Кражбата се случила на неутвреден датум, во периодот меѓу 4 и 17 јуни.

Полицијата засега нема осомничени и презема мерки за целосно расчистување на случајот.