Дописници Украдени пари од хуманитарниот концерт за Иван Стојанов

Украдени пари од хуманитарниот концерт за Иван Стојанов

Од картонската кутија, каде се собирале парите за лекување на 25-годишниот Иван Стојанов од Штип, биле украдени повеќе од 25.000 денари. Во саботата вечерта, Домот на млади, заедно со невладината организација „Сивитас“, организираше хуманитарен концерт со настап на тројца диџеи.

Настанот беше наменски организиран за помош на Иван, кој веќе две години се обидува да собере пари за лекување во Кина. Според зборовите на директортката на Домот на млади, Вишна Шорова-Ангелова, во еден момент на невнимание на шанкерот, парите биле украдени. Сомнежот е врз еден од посетителите, кој неовластено влегол во шанкот. Случајот е пријавен во полиција.

Активистите на „Сивитас“ се непријатно изнанадени и зачудени дека некој се дрзнал да краде од парите што хуманите луѓе ги одвоиле за лекување на младиот Иван.

25-годишното момче има прекин на нервите на ’рбетниот столб, како последица на операција на циста на вратот, поради што не може да оди. Веќе две години се обидува да собере пари за лекување во Кина.