Свет Балкан Украдени 280.000 евра од седиштето на полицијата во Загреб

Украдени 280.000 евра од седиштето на полицијата во Загреб

Непознати лица синоќа ја ограбиле канцеларијата на началникот на службата за организиран криминал, Жељко Долачки, во зградата на Министерството за внатрешни работи во Загреб.

Информацијата за кражбата ја потврди и загрепската полиција. Хрватските медиуми наведуваат дека според неофицијални информации, украдени се 280.000 евра и два килограми злато од сефот.

Крадците, наводно, влегле во канцеларијата на вториот кат преку надворшените пожарникарски скали.

Сè уште не се знае дали покрај парите и златото се украдени и доверливи документи.