Хроника Накит вреден 5.000 евра украден од стан во Скопје

Накит вреден 5.000 евра украден од стан во Скопје

Непознат сторител се прекачил преку балконска ограда и влегол низ прозорецот во стан во сопственост на Д.Ц. (67) на улица Воденска во Скопје, при што пронашол и одзел златен накит.

Веднаш потоа го напуштил местото на настанот, стекнувајќи противправна имотна корист од околу 300.000 денари.

Полицијата работи на расчистување на случајот.