fbpx
Таг: сторител

таг: сторител

Спасовски: Го откривме испраќачот на лажни дојави за бомби во Кавадарци

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање во Кавадарци, во врска со лажните закани за поставени екплозивни направи во неколку училишта во Кавадарци, кажа дека случајот е расчистен. „Во однос на ова прашање за закани за поставени бомби во Кавадрци кои секако ги вознемирија граѓаните, можам да кажам дека целосно е расчистен случајот. Денеска се поднесува кривична...

Пукано во Никола Тодоров во близина на Министерството за здравство

Поранешниот министер за здравство и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, претпладнево бил нападнат во непосредна близина на зградата на Министерството за здравство, потврдија за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи. Сторителот, како што велат од МВР, бил веднаш приведен во полициска станица. Засега нема информации дали Тодоров е повреден во инцидентот. Според очевидци, во нападот било употребено огнено...

Запалено возило во Охрид, полицијата трага по сторителот

Охридската полиција трага по сторител кој ноќеска, околу 1 часот, запалил автомобил, марка „голф“, на улицата Климентов универзитет во градот, соопштија од Секторот за внатреши работи Охрид. „Од увидот на местото на настанот, извршен по овластување на јавен обвинител, констатирано е дека од предизвиканиот оган, запален е задниот дел на возилото, целосно е оштетено задното стакло, задната клупа, задното седиште,...

Од куќа во Прилеп украдени околу 30.000 евра

Вчера во Прилеп, на улица Антон Панов, во куќа сопственост на Б.М. (41), непознат сторител со насилно влегување преку прозорецот од дневната соба на приземјето, извршил пребарување и во една од собите пронашол и одзел околу 800.000 денари, 13.000 евра и 3.000 швајцарски франци, по што го напуштил местото на настанот, стекнувајќи противправна имотна корист од околу 1.770.000 денари. Увид извршила...

Обвинителството го истражува вчерашното убиство во Велес

Основното јавно обвинителство Велес го истражува убиство што вчера околу 14 часот се случило во местото Којник, кај Велес, кога вооружен маж дошол во куќата на сега починатото лице и веднаш почнал да пука во него. Како што соопштија денеска од Јавното обвинителство, жртвата, во обид да му избега на сторителот, излегла од куќата и дошла до улицата, каде осомничениот уште...

Украдени 45.000 евра и поголемо количество злато од куќа во Битола

Непознат сторител извршил тешка кражба, при што одзел околу 45.000 евра и поголемо количество злато од куќа во Битола во сопственост на М.Ц.(1943) на улица Стрежевска. СВР-Битола презема мерки за пронаоѓање на сторителот.

14-годишно девојче повредено од куршум во скопско Глумово

Во саботата вечерта, околу 20.20 часот, во скопското село Глумово 14-годишно девојче било повредено од куршум, а од истрелан проектил од огнено оружје било оштетено и возило, паркирано пред куќа во селото. Како што информираат од МВР, засега непознат сторител, во тоа време од огнено оружје истрелал повеќе куршуми, од кои еден го погодил девојчето во палецот од левата нога,...

Накит вреден 5.000 евра украден од стан во Скопје

Непознат сторител се прекачил преку балконска ограда и влегол низ прозорецот во стан во сопственост на Д.Ц. (67) на улица Воденска во Скопје, при што пронашол и одзел златен накит. Веднаш потоа го напуштил местото на настанот, стекнувајќи противправна имотна корист од околу 300.000 денари. Полицијата работи на расчистување на случајот.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...