Свет Балкан Укинат притворот на директорот на косовската полиција

Укинат притворот на директорот на косовската полиција

На регионалниот директор на косовската полиција, Нехат Тачи, укинат му е притворот во кој се наоѓаше од 29 септември. Неговиот адвокат Владимир Гајиќ за телевизија Н1 изјави дека Тачи вчера добил решение за продолжување на притворот кое судот го донел во петокот, но поднел жалба, а жалбата денеска му е усвоена.

Тачи, командирот на косовската полиција за јужниот дел на Косовска Митровица, беше уапсен откако се обиде да влезе во Србија на граничниот премин Кончуљ на основа на потерница на Вишиот суд од Ниш поради тероризам.

Српските власти во меѓувреме под обвинение за воени злосторства на Косово го уапсија Хиљми Кељменди, кому судот денеска му одреди мерка притвор. Тој е уапсен додека се враќал од Германија, каде што живеел последните 12 години.

По апсењето, Министерството за надворешни работи на Косово ги предупреди граѓаните да не патуваат низ Србија.