Свет Свет Укинат полицискиот час во Шарлот

Укинат полицискиот час во Шарлот

Градските власти го укинаа полицискиот час во Шарлот, во сојузната американска држава Северна Каролина, воведен по немирите што избија откако полицијата минатиот вторник го уби 43-годишниот Афроамериканец Кит Ламонт Скот.

Во првите две ноќи од протестите, беа повредени повеќе од 10 полицајци.

Полицискиот час траеше до синоќа, кога градот беше домаќин на натпревар од лигата на американски фудбал.

Шарлот им се придружи на градовите во САД во кои веќе две години се одржуваат протести поради полициските убиства на Афроамериканци.