Дописници УЈП организира обуки за регистрација и за паушално оданочување на земјоделците

УЈП организира обуки за регистрација и за паушално оданочување на земјоделците

Од декември, Управата за јавни приходи најавува серија обуки за регистрација и за паушално оданочување на земјоделците. Обуките ќе ги организира Даночната академија на УЈП и ќе бидат бесплатни.

УЈП обезбедува неколку даночни олеснувања за лицата на кои земјоделството им е основна дејност, но и за тие на кои тоа им е дополнителна дејност.

Сите заинтересирани што сакаат да учествуваат на овие обуки, треба да се пријават во регионалните дирекции на УЈП.