Економија УЈП ја објави новата листа на даночни должници

УЈП ја објави новата листа на даночни должници

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави новата листа на должници на која се наоѓаат 4.251 фирма и физички лица кои имаат долгови доспеани до 31 декември 2016 година и неплатени до 31 март 2017 година врз основа на данок на додадена вредност (ДДВ), данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Најголем должник на листата со 11,1 милиони евра е охридски „Отекс“, кој не платил данок на додадена вредност и данок на добивка.

На листата се и голем број јавни претпријатија, како, на пример, „Македонија пат“ кое должи околу осум милиони евра.

„Македонската радио-телевизија“ должи 1,4 милиони евра.