Економија УЈП го продолжи рокот за поднесување на пријавата за ДДВ

УЈП го продолжи рокот за поднесување на пријавата за ДДВ

Управата за јавни приходи соопшти дека, рокот за поднесување на пријавата за данок на додадена вредност ДДВ-04 се продолжува, поради отежнатото поднесување на даночни пријави преку системот е-даноци.

„Крајниот рок за поднесување на ДДВ-пријавата, 25 октомври се продолжува за два работни дена, односно крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 29 октомври“, информираат од УЈП.

УЈП ја својата веб-страница, потсети дека граѓаните треба да се регистрираат во неколку чекори на системот e-pdd.ujp.gov.mk, со што ќе биде на увид Годишната даночна пријава.

Заклучно со 12 октомври во апликацијата „е-персонален данок“ се регистрирале 36. 824 граѓани.