Македонија УХМР: Водостоите на реките под просекот за јануари

УХМР: Водостоите на реките под просекот за јануари

Водостоите на реките Вардар кај Јегуновце, Сатеска кај Ботун и на Црна Река кај Новаци се повеќе од двојно пониски од просекот за јануари, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Водостоите на речиси сите реки се пониски во однос на вчера, а зголемување на водостоите има на Вардар кај Демир Капија, Пчиња кај Катлановска Бања, Брегалница кај Берово и Црн Дрим кај Ложани.

Нивоата на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро се во рамки на јануарскиот просек.