Македонија Училиштето во Мала Речица се ветува осум години, а се очекува да...

Училиштето во Мала Речица се ветува осум години, а се очекува да се отвори во 2021

На почетокот на февруари се отвора можност за пријавување на компаниите за изградба на основно училиште во Мала Речица. Ако работите одат според тендерот, кој што е наведен во системот за јавни набавки, градежните работи ќе започнат на почетокот на април.

Бидејќи крајниот рок за изградба на училиштето е 17 месеци, излегува дека истото треба да биде готово во септември 2021 година. Инаку, ова училиште се ветува веќе осум години, а учениците со децении се принудени да одат по неколку километри за да стигнат до училиште, пишува „Порталб.мк“.

Три дена порано, министерот за образование и наука, Арбер Адеми, на својата фејсбук-страница ја објави одлуката за изградба на училишната зграда, за учениците на ОУ „Наим Фрашери“, кои сега мораат да пешачат неколку километри, да стигнат на настава.

Изградбата на основно училиште во Мала Речица им е многу потребно на младите во ова населено место каде околу 1.000 ученици патуваат по неколку километри од своите домови, еден дел од нив во Голема Речица, а другиот во училиштето „Наим Фрашери“ – Тетово.

Решавањето на овој проблем е ветено неколку пати, дури од првата изборна кампања на градоначалничката на Општина Тетово Теута Арифи, но досега ништо не беше преземено во тој правец.