Свет Балкан Ученик пукал во вработен во основно училиште во Лукавац, БиХ

Ученик пукал во вработен во основно училиште во Лукавац, БиХ

Поради лошо однесување, ученикот кој пукал во вработен во училиштето претходно бил префрлен во друго основно училиште

фото: Основно училиште „Град Лукавац“, Лукавац, Босна и Херцеговина / фото: Фејсбук (JU OŠ ,,Lukavac Grad" Lukavac)

Едно лице е тешко повредено во престрелка што утрово се случила во основно училиште во градот Лукавац во Босна и Херцеговина.

Како што јавува порталот „Oslobodjenje.ba“, вработен во училиштето „Лукавац Град“ бил застрелан од незадоволен ученик, кој поради лошо однесување претходно бил префрлен во друго основно училиште.

Повредениот бил хоспитализиран во Универзитетскиот медицински центар Тузла поради прострелна рана во предела на вратот. Според информациите на босанските медиуми, пациентот во моментов е на операција.

На социјалните мрежи се појави видео од апсењето на малолетникот, а полицијата наводно го пронашла и оружјето со кое тој пукал кон вработениот во училиштето.

Настанот се случил околу 8 часот утрово.