Македонија Убиство во центарот на Кичево: Го избодел брата си до смрт

Убиство во центарот на Кичево: Го избодел брата си до смрт

Попладнево, околу 16.30 часот, во центарот на Кичево, напаѓач со нож го избодел сопствениот брат, кој по кратко време им подлегнал на повредите.

Според очевидци, напаѓачот го прободел братот повеќе од десет пати, по што се обидел да побегне.

Сепак, со брза интервенција на полицијата, напаѓачот е фатен, потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Надлежните вршат увид на местото на настанот, по што ќе соопштат повеќе детали околу настанот и мотивите за убиството.

Неофицијално, двајцата браќа претходно имале расправија, по што едниот од нив посегнал по ножот.