Свет Свет Убиено петчлено семејство, во напад на екстремисти во Египет

Убиено петчлено семејство, во напад на екстремисти во Египет

Петчлено семејство е убиено, а девет лица се повредени во напад на северниот дел на египетскиот полуостров Синај, кога исламски екстремисти ја гранатирале куќата во близина на контролниот пункт на безбедносните сили, соопштија официјалните лица во Египет.

Тие наведоа дека меѓу жртвите на нападот се и три деца и дека повредените се згрижени во болница.

Во нападите на исламските екстремисти на Синај, за време на изминатите неколку месеци загинаа неколку припадници на египетската војска и на полицијата.

Египетските сили за безбедност ја интензивираа потрагата по терористите кои се наоѓаат на северниот дел на полуостровот.

Бројот на напади се зголеми по смената на исламистичкиот претседател Мухамед Морси.